еМагазин
Image default
Македонија

Предметот историја за основно образование ќе се спои со општествени науки, најави Царовска

Министерката за образование Мила Царовска на денешната прес-конференција за отчет 100 дена Влада, истана дека предметот историја ќе се спои во општествени науки, исто како што биологија и хемија се интегрираат во природни.

Таа потврди дека промените, односно реформите во образованието ќе започнат од основно, при што е предвидено повеќе време во училиште, помалку предмети, спојување на повеќе предмети во еден, повеќе интеракција помеѓу наставниците и учениците и помеѓу самите ученици.

„Стигнавме до концепција, модел кој наликува на Финска, па оттаму доаѓаме до училиште кое ни овозможува да учиме. Нашите ученици учат многу предмети, но не знааат да ги поврзуваат,“ рече Царовска и оттука најавеното спојување на некои предмети.

Таа потенцира дека е потребен концепт на преминување од фактичко учење кон размислување или училиште во коешто ќе се учи најзначајното.

– Тоа се новите генерации коишто треба да учат помалку факти, но многу повеќе да размислуваат, да анализираат различна литература и да донесуваат одлуки врз основа на анализите коишто самостојно ги направиле, вели министерката.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе открие ли Боки 13 работи за случајот “Меѓународен сојуз“ кои не ги знаеме?

Редакција

Прележувањето не е гаранција: 116 лица во Македонија по вторпат заболеле од Ковид-19, двајца од нив починале

Редакција

Починаа 29 лица од Ковид-19, најмладиот на 38-годишна возраст

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница