еМагазин
БЕНЧМАРК

Европската комисија прави напори вакцините за Ковид-19 за Западен Балкан да стигнат паралелно со ЕУ

Европската комисија прави напори вакцините против Ковид-19 да пристигнат во земјите од Западниот Балкан паралелно со нивната дистрибуција во земјите членки на ЕУ, информираше еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој утрово имаше состанок со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и колегите од регионот.

Вархеји укажа дека за специфичните потреби на секоја од земјите во регионот, ќе биде обезбедена и соодветна финансиска поддршка од страна на Унијата.

Димитров пак, истакна дека во период кога набавувањето на вакцината претставува врвен приоритет, ваквата иницијатива на Европската Унија е од исклучителна важност.

„Фактот што овие вакцини ќе бидат првите кои Северна Македонија ќе ги има на располагање е јасен сигнал дека Западниот Балкан е неизоставен дел од политиките на солидарност на Унијата, во моментите кога тоа е најпотребно“, истакна Димитров.

Тој додаде дека активно се работи на Планот за вакцинација базиран на препораките на ЕУ којшто врз основа на повеќе критериуми ќе ги дефинира приоритетните групи, посочувајќи дека се финализира анализата на овие групи и се проценува бројот на пациенти кои ќе бидат првично вакцинирани.

„Овој план ќе биде споделен и со еврокомесарот Вархеји во наредните денови,“ рече Димитров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјите кандидати веќе да бидат на масата на ЕУ, но без право на глас, предлага австриската министерка за Европа

Редакција

(Видео) Европски избори: Триумф на популизмот или зацврстување на ЕУ, Балканот секако ќе извиси

Редакција

Франција и на последниот ден од преседавањето со ЕУ, не откажува да постигне компромис меѓу Скопје и Софија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница