еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 31 пациент, а вкупно се лекуваат 479

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 31 нов пациент поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„Вкупно 479 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, еден на Институтот за ТБЦ, пет пациенти на Клиниката за дерматовенерологија.

На ОРЛ е примен еден нов болен, на Очната клиника четворица, а во ковид центарот на Неврологија двајца.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало осум нови приеми на пациенти.

На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани исто осум болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 14 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 48 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 18 пациенти, а на ОРЛ 23 болни.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 141 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти.

Вкупно 479 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крај на пандемијата кај нас може да се прогласи во август или почетокот на септември, оценува Филипче

Редакција

(Во живо) Тапани трештат низ Скопје: Продолжува протестот, илјадници граѓани по улиците

Редакција

Затвореник во Идризово им зел 4.000 евра на полициски командири, им ветувал дека ќе ги вработи во МВР

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница