еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

„Фајзер“ и „Модерна“ ги објавија состојките на вакцините за Ковид-19

Фармацевстките компании „Фајзер“ и „Модерна“ ги сооптшија состојките во нивните вакцини, со цел да се спречат дезинформациите за вакцината против Ковид-19.

Активната состојка на двете вакцини се модифицирани делови на вирусниот генетски материјал, познат како мРНК, што на организмот му служи како „генетска вреќа за удирање за да научи како да се бори против протеинот кој и помага на коронавирусот да направи инвазија во нашите клетки“.

Во исто време е и мешавина од шеќер, маст и сол, кои треба да го ублажат ефектот на вакцината врз телото.

Вакцината на Фајзер се состои од модифицирана низа информациски РНК, потоа соединенија на липиди, калиум-хлорид, монокалиум-фосфат, натриум-хлорид (кујнска сол), динатриум-фосфат и сахароза.

И вакцината на Модерна има модифицирана низа информациски РНК, а состојките се липиди, трометамин-тимонометан, трометамин-хлорохлорид, ацетна киселина, натриум-ацетат и сахароза (шеќер).

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали за несреќата во Штип: Едно од девојчињата е со скршена карлица, другото со набиеници и полесни повреди

Редакција

27-годишно момче од Куманово почина во САД, на семејството му треба нашата помош да го врати дома

Редакција

Една функционерска плата покрива две ипол до три синдикални минимални кошници, велат од ССМ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница