еМагазин
Image default
Локално

Тешка сообраќајна несреќа кај гостиварско Форино, едно лице загина

Жител на гостиварското село Равен го загуби животот во сообраќајна несреќа која синоќа се случи на регионалниот пат Гостивар-Чегране.

Според првичните информации на полицијата, околу 20 часот во селото Форино патнички автомобил „шкода фелиција“ со гостиварски ознаки кое го управувал Л.Х. (57) се судрило со „БМВ“ со австриски ознаки што го управувал И.М. (18) од селото Чегране.

Во несреќата, возачот Л. Х. се задобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место, а тројца сопатници во неговото возило со телесни повреди и биле пренесени во гостиварската болница.

Причините и околностите кои довеле до несреќата ќе се утврдуваат по увидот што го прават јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар.

Ова е втора сообраќајна несреќа на гостиварското подрачје со трагичен епилог за време на викендот. Завчера попладне во близина на долнореканското село Скудриње во судар на две патнички возила едно лице почина, а две беа потешко повредени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвореник предизвикал пожар во ќелија во затворот во Битола, на чувари им била пружена медицинска помош

Редакција

(Фото) Приведени три лица од фабрика за канабис во кочанско, запленети над шест килограми дрога

Редакција

Возачите да не го користат автопатот Миладиновци – Штип

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница