еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Фото) Бугарски дописник за „Њујорк Тајмс“ во 1903 пишувал за Гоце Делчев како Македонец и македонски лидер

Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ на 26 мај 1903-та година објавил вест од бугарски дописник во врска со смртта на Гоце Делчев во која го именува како Македонец и како македонски лидер.

Бугарскиот дописник за весникот јавува дека Гоце Делчев имал 32 години и бил школски учител кој развил организација на целата територија на Македонија, пренесува Канал 5.

Во веста пишува дека Гоце Делчев со уште неколку свои придружници бил во селото Баница во близина на Серeс и дека биле предадени од грчки шпион.

Откако турската војска го опколила селото, Гоце Делчев и сите негови придружници биле убиени, се наведува во написот на „Њујорк Тајмс“ од 26 мај 1903.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БЕГ има законска обврска да обезбеди парно греење, во спротивно може да остане без лиценца, вели Бектеши

Редакција

ОЛАФ бара Македонија да врати 660 илјада евра за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Редакција

Бугарската војска овде беше окупатор, вели Ѓоргиев, претседателот на македонскиот дел од Комисијата со Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница