еМагазин
Image default
Македонија

И руската вакцина „Спутник 5“ ќе дојде во Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања информира дека пред неколку месеци добил понуда од рускиот амбасадор во нашата земја Сергеј Баздникин за руската вакцина „Спутник 5“, но таа тогаш била во третата фаза од клиничките испитувања, а процесот, кој гарантира нејзина безбедност, не бил целосно завршен.

– Последните месеци тој процес заврши и таа влегува во еден од деловите на КОВАКС механизмот. Не како целосно одобрена. Меѓутоа, очигледно дека во официјалната група на сите производители преку КОВАКС ќе стигне и руската „Спутник 5“. Значи, ние ќе можеме евентуално да ја добиеме и оваа вакцина со одлука на Светската здравствена организација (СЗО) и на Гави алијансата, изјави Филипче.

Министерот потенцира дека не постоела ниту една можност да ја добиме руската вакцина во моментот кога првпат ни била понудена, оти не бил завршен процесот на клиничко испитување.

Тој информира дека со премиерот Зоран Заев денеска успеале да склучат договор со компанијата „Фајзер“, а првите вакцини треба да пристигнат во февруари.

– Тоа е единствената вакцина која има одобрение од двете регулаторни комисии на САД и Европа, ФДА и ЕМА. Вакцината е единствената која ги има поминато сите многу строги контролни механизми на овие административни тела, истакна Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината, постигнат директен договор со компанијата

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски повика на сенароден протест, ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа „францускиот предлог“

Редакција

Стојанов ја врати објавата во која нуди 200 евра за идентитетот на македонски полицаец, МВР го известило Обвинителството

Редакција

Убава вест: Оздравени 305 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница