еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Осомничен криминалец му испрати новогодишна честитка на јавен обвинител

Новата година секогаш можност да се сумираат резултатите и да се оценува досега сработеното, но и да се прават планови за периодот што е пред нас, соопшти Јавното обвинителство.

„Во годината што измина Јавното обвинителство постапуваше против повеќе од 25.000 полнолетни сторители на кривични дела.

Со оглед на тоа што согласно Законот за кривична постапка, основно право и должност на јавниот обвинител е да ги гони сторителите на кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност, во јавноста често е присутна перцепцијата дека постои конфликт меѓу обвинителот и осомничениот, односно дека тие се на спротивставени страни.

Но, во реалноста, јавниот обвинител е на страната за законот, неговата улога е да го штити општеството од криминалот и превентивно да делува во насока на спречување на идни кривични дела.

Оваа улога на јавниот обвинител многу често ја разбираат и осомничените, кои понекогаш самите признаваат дека сториле кривично дело и се подготвени да ја сносат санкцијата што ќе им биде определена низ една законита постапка, соопшти Обвинителството.

Оттаму додаваат дека за еден таков случај потврда е и новогодишната честитка која деновиве пристигнала до еден обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, а ја испратил осомничен сторител на кривично дело.

Фото: Јавно обвинителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заваровалница Триглав и официјално стана трет пензиски фонд на македонскиот пазар

Редакција

Твитер „полуде“ за изјавата на Џафери: „Крсто Мукоски после мандатот треба директор за јавни набавки да биде“

Редакција

Скопските општини кои имаа најмногу заболени од корона вирусот, „паднаа“ под 200 активни случаи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница