еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во македонските болници

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 875 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 519 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 36 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 19 болни, а во Куманово 85 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19“, наведуваат од Министерството.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 69 во ковид центарот во Гостивар 29, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 49 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 10, Кавадарци 28, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар пет позитивни и суспектни на корона вирусот.

Од Министерството за здравство посочуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Во тек на денот, додаваат, се прават и исписи на оздравени пациенти со што се ослободат дополнителни легла.

„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, посочуваат од Министерството.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 22 лица од Ковид-19, вкупно 1.847

Редакција

Поранешниот амбасадор Ѓорги Филипов еден од кандидатите на СДСМ за претседател на државата

Редакција

Во Врховен не е пристигнато решението на Кривичниот суд за Томор Морина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница