еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за 20 скопјани кои седеле во иста хотелска соба во Крушево, а потоа влегле и во базен

Кривична пријава е поднесена против 20 скопјани кои биле во иста соба во хотел во Крушево, иако биле предупредени од персоналот да не се групираат и влегле во хотелскиот базен во поголем број од дозволеното.

Тие се сомничат дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Скопјаните се на возраст од 19 до 48 години.

– На 19.09. 2020, пријавените биле во една соба во хотел во Крушево, иако биле предупредени од страна на персоналот на хотелот да не се групираат и да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19.

Истиот ден, тие влегле во хотелскиот базен во поголем број од дозволеното, спротивно на протоколот според кој  дозволено е присуство на максимум шест лица во базен, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Кривичната пријава е поднесена против И.Г. (42), Д.В.(42), З.Б.(29), М.А.(33) В.М.(36), Е.С.(32), Д.Т.(27), С.Н.(19), Н.М.(26), С.М.(36), М.Ц.(36), М.М.(48), А.К.(34), С.К.(36), Б.Г.(38), А.Н.(40), Г.С.(36), В.Д.(36), М.К.(36) и М.Д.(43).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петгодишното дете од автомобилот кој излета во Вардар наскоро ќе биде пуштено на домашно лекување

Редакција

Приведен угостител од Тетово во чиј објект биле затекнати околу 100 гости

Редакција

Заменик-градоначалничката на Град Скопје, Абази поднесе оставка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница