еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Полициски радар фати возач со 212 километри на час на автопатот Тетово-Гостивар

Во рамки на вчерашната акциска контрола за брзо возење полиција со помош на радар на автопатот Тетово-Гостивар  откри возач кој се движел со 212 километри на час. Акцијата е спроведена во периодот од 12 до 20 часот.

„Во акциската контрола вкупно биле откриени и законски санкционирани 101 возач кои ја пречекориле дозволената брзина на тетовското подрачје. Исто така, во текот на вчерашниот ден во овој период реализирана е и акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол.

Во оваа акција санкционирани биле четири возачи  кои управувале возило со присуство на алкохол повеќе од дозволеното, информира портпаролот на СВР Тетово“, Марјан Јосифоски.

Во текот на акциската контрола  констатирани се и 32 други видови прекршоци од  кои најмногу за управување без возачка дозвола, возачи-почетници,…

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tоп пет најголеми должници на листата на УЈП: ТЕ-ТО убедливо на врвот

Редакција

За една недела дури 80 лица во Македонија повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција

Музичар од Битола повреден со нож сред онлајн концерт посветен на дете со аутизам

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница