еМагазин
Image default
Локално

Во угостителски објекти во Кочани и Пробиштип затекнати гости по 18 часот

Угостители од Кочани и Пробиштип не ја почитувале мерката на Владата, за работа до 18 часот. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека вчера во двата угостителски објекта биле затекнати гости.

Во кочанскиот угостителски објект гостите биле затекнати по 20 часот. Додека во Пробиштип по 18 часот. Полициските службеници го лишиле од слобода 44 годишниот И.М сопственик на угостителскиот објект, кој е лоциран на градскиот плоштад во Пробиштип.

Против сопствениците на двата угостителски објекта во Кочани и Пробиштип ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице убиено, а друго е повредено при пукање во Батинци

Редакција

Вработен во скопски хотел нападнат поради нерасчистени долгови

Редакција

Маж пронајден починат во стан во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница