еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Врнежи од дожд, поoбилни на југоистокот и истокот од земјава

Врнежи од дожд денеска повторно се очекуваат на целата територија, а посебно пообилни ќе бидат на југоистокот и истокот од земјава, каде се најавуваат над 30 литри на квадратен метар.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), овие врнежи се добредојдени во поглед на подобрување на хидролошката сосотојба во земјата.

Во крајните југоисточни и источни делови од земјата локално се најавуваат и поголеми количества на дожд, од 40 до 50 литри на квадратен метар, кои на места можат да бидат и поројни.

Од УХМР посочуваат на претпазливот во Гевгелиско-валандовската Котлина и сливот на река Струмица, каде локално е можно брзо формирање на истекувањето кај помалите реки и суводолиците.

Поголемите реки во земјава, како што се наведува, се безбедни во поглед на излевање и овој дожд во најголемиот дел од земјава е долго очекуван и ќе биде добредојден.

По долготрајниот сушен период, во текот на вчерашниот ден имаше врнежи од дожд кои позастапени беа во југоисточните и источните делови од земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Jапонски ритуали, корејски тајни за блескава кожа: AVON ги лансира новите колекции за нега на кожа и тело

Редакција

Проф. Трајковски: „Aко овој чуден тренд на зголемување на ефективноста на вакцината против смртен исход продолжи да се зголемува, можеби бројките се штелуваат“

Редакција

Околу 600 планинари се искачија на Клепа во чест на Калина и Александар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница