еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 536 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 536 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово 80 пациенти позитивни и суспектни  на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 66 во ковид центарот во Гостивар 27, а во Струга 25 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 51 пациент, во Кочани 26 во Кичево 11, Кавадарци 27, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 12 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 911 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) ВМРО-ДПМНЕ протестираше во Скопје и 20 други градови, се бара оставка од Заев

Редакција

Пратеник снимал деколте на негова колешка, обвини Ковачевски во Собранието

Редакција

Дури тројца судии биле изземени додека судот одлучи на Зијадин Села да му ги даде печатите на АА

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница