еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Кина не им дозволи влез на претставниците на СЗО кои треба да го истражат потеклото на Ковид-19

На претставниците на Светска здравствена организација (СЗО), кои треба да го истражат потеклото на Ковид-19 во кинескиот град Вухан, им беше забранет влез во Кина.

Според СЗО проблемот настанал при издавање на визите за претставниците на СЗО.

Додека кинеските власти соопштија дека се уште се договараат деталите за посетата, вклучително и датумите.

Генералниот директор на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Геберјесус изјави дека е многу разочаран што кинеските власти не им дозволија влез во земјата на експертите за испитување на потеклото на Ковид-19.

Тој наведе дека дел од експертите веќе тргнале кон Кина, а на другите патот им е откажан во последен момент.

„Добивме уверување дека Кина ги забрзува внатрешните процедури за што поитно решавање на овој проблем“, посочи Гебрејесус.

Тој истакна дека стапил во контакт со кинеските власти и оти мисијата е приоритет на СЗО и на меѓународниот тим.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промедика купи нови 2.000 акции на Македонијатурист

Редакција

Урдата, кашкавалот, лутеницата, цвеклото, фефероните, вафлите, наполитанките и црвениот пипер остануваат со ДДВ од 5%

Редакција

Нови 526 случаи на Ковид-19, во Скопје 245

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница