еМагазин
Image default
ЖИВОТ

До понеделник пообилни врнежи од дожд и снег на планините

Од попладне се очекуваат врнежи на цела територија на државата, а особено поинтензивни ќе бидат во западните делови каде ќе наврнат нови 30 литри на метар квадратен. На планините во северозападниот дел од државата ќе врне снег.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека до изутринава во западните делови количествата на врнежи изнесуваат 20 литри на метар квадратен и дека почвата е веќе натопена од дождот.

Од утре до понеделник ќе преовладува врнежливо време. Повремено во западните делови врнежите ќе бидат поројни и пообилни. На планините во северозападниот и западниот дел ќе врне снег и значително ќе се зголеми снежната покривка.

Во вечерните часови во сабота кон недела и преку ноќ во недела, врнежите повремено ќе преминуваат во снег на некои повисоки места, особено во северниот дел од земјава.

Целиот овој период се најавува јужно струење што значи дека температурите ќе бидат над нулата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Снежно време до сабота, студено и со засилен северен ветер

Редакција

Денеска променливо облачно време со северен ветер

Редакција

Утринска магла по котлините, преку ден топло со температури до 19 степени

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница