еМагазин
Свет

Членови на администрацијата и блиски соработници на Трамп поднесоа или најавија оставки

Членови на администрацијата и блиски соработници на американскиот претседател Доналд Трамп поднесоа или најавија оставки денеска, ден откако приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот, а неговиот министер за внатрешна безбедност побара да го осуди насилството на неговите приврзаници.

Рајан Тули, главен советник на претседателот Доналд Трамп за односи со Русија, поднесе оставка денеска и се очекува повеќе членови на Советот за национална безбедност да поднесат оставка, изјави висок претставник на американската администрација.

Официјалниот претставник, кој побара да не биде именуван, исто така рече дека ветувањето на Трамп за „мирен трансфер на власта“ на новоизбраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари делумно има за цел да запре повеќе оставки, но веројатно нема да спречи заминување на некои официјални лица.

Вршителот на должноста секретар за внатрешна безбедност, Чад Волф, денеска повика Трамп да го осуди насилството на неговите приврзаници кои се обидоа да спречат потврда на изборната победа на Бајден во Конгресот.

„Видовме дека некои приврзаници на претседателот се обидуваат да ги постигнат своите политички цели со насилство. Ова е неприфатливо”, нагласи Волф во изјавата, додавајќи дека не поднесува оставка.

„Овие акти на насилство се неодбранливи и барам од претседателот и од сите избрани службеници силно да го осудат насилството што се случи вчера“.

Стефани Гришам, шеф на канцеларијата на „првата дама“ Меланија Трамп и поранешен секретар на Белата куќа за односи со медиумите, поднесе оставка вчера попладне по немирите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Генералниот секретар на ОН, Гутереш: Светот „гледа в око на ураган од петта категорија“

Редакција

СЗО: Поминавме 60% од патот во битката против Ковид-19, но неочекувани пречки се уште може да се појават

Редакција

Има многу барања за билатерални средби со Лавров, вели портпаролката на руското МНР, Захарова

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница