еМагазин
Да помогнеме

Црвен крст Кавадарци повика за крводарување за сложен оперативен зафат на кавадарчанец

Црвен крст Кавадарци денеска повика за крводарување за сложен оперативен зафат на кавадарчанец. Дарувањето крв ќе биде во понеделник во кавадаречкиот кабинет за трансфузиологија, од 9 до 13 часот.

Претседателот на кавадаречкиот Црвен крст, Димитар Каракулев појасни дека се бара крв за сограѓанин, голем хуманист, кој другата недела ќе има сложена операција во една од приватните скопски болници.

За него се потребни вкупно 8 крвни единици 0+ крвна група, првично 3, а за неколку дена уште 5 крвни единици за втор оперативен зафат.

– Измината 2020 година од предвидените 1.184 крвни единици, што е годишен план за крводарителство за Кавадарци и Росоман, ја завршивме со рекордни 2.088 реализирани крвни единици.

Тоа е резултат на одличната соработка и организација на Црвен крст Кавадарци со Институтот  за трансфузиона медицина, огромната хуманост на крводарителите од Кавадарци и Росоман, државните и приватните институции и компании, здруженија на граѓани, локалните самоуправи.

Почит за сите крводарители и нивната хуманост, бидејќи хуманоста спасува живот, нагласи Каракулев.

Тој рече дека верува оти кавадарчани и росоманци повторно ќе ја докажат својата хуманост како и многу пати досега.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хуманитарен настан под мотото „Да го вратиме звукот на Дамјан“, во паркот во Ѓорче Петров

Редакција

Сите заедно за Леонид да може повторно да застане на нозе и да ги повторува успесите на NASA Space Apps Challenge

Редакција

Центар бар организира хуманитарна акција за чичко Драги на Рекорд

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница