еМагазин
Image default
Локално

(Фото) МЕПСО: Дебар и околните населени места останаа без струја поради невремето и тежината на мразот

Силното невреме и мразот предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија на градот Дебар и околни населени места, информираат од МЕПСО.

„Имено, тежината на мразот и силното невреме во мавровско-реканскиот крај соборија повеќе стебла при што едно дрво падна врз 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток – ТС Шпиље и предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Националниот диспечерски центар на АД МЕПСО регистрира безнапонска состојба денеска во 10:35 часот. Екипите на МЕПСО се на терен и со сите средства се работи на создавање услови за вклучување на далекуводот и снабдување на Дебар и околината со електрична енергија,“ се вели во соопштението.

Фото: МЕПСО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Кавадарци утре родители ќе дискутираат за врсничко насилство на работилница на „Макпетрол“

Редакција

Несекојдневен случај: Германка во Свети Николе со 14-годишниот син сакале да ограбат менувачница

Редакција

Град Скопје апелира: Користете ги алтернативнте рути за излез од Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница