еМагазин
Image default
Локално

Притвор за лицата кои од банкомат во Гостивар украле 1,8 милиони денари

Двете лица кои беа осомничени за тешка кражба на банкомат во Гостивар добија притвор од 30 дена од судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар.

Од СВР Тетово потврдија дека Н.Р (47) и А.Б.(36) од Арачиново се спроведени во КПУ Затвор Скопје-Скопје.

По нешто повеќе од еден месец истражни дејства, Одделението за внатрешни работи Гостивар ја расчисти тешката кражба која на први минатиот месец беше извршена од банкарски банкомат, поставен во маркет во Гостивар.

Вчера до ОЈО Гостивар беше поднесена кривична пријава против пет лица: М.А.(32) и Р.Р.(33) од скопско Долно Свиларе, Н.Р.(47) и А.Б.(36) од скопско Арачиново и против М.К. (24) од Република Албанија.

Н.Р и А.Б. беа лишени од слобода, а Р. Р. издржува притвор за друго кривично дело. Пријавените се сомничат дека со употреба на сила од банкомат одзеле милион и 800 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крадци „олесниле“ банкомат во Гостивар за околу 30.000 евра

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уценувана девојка од Тетово: Со пиштол барал пари и од таткото

Редакција

Еден потешко повреден во сообраќајката кај обиколницата на КАРИЛ во стабилна состојба, полесно повредениот полицаец пуштен дома

Редакција

(Галерија) Куманово новогодишно украсено

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница