еМагазин
Image default
Македонија

Обвинетите од ,,Монструм” ќе вршат увид во извештајот на МВР за запленетите телефони

Одбраната и обвинетите во случајот „Монструм“ денеска ќе извршат увид во извештајот на МВР за анализата на 10 од 31 мобилен телефон.

Оваа одлука произлезе од фактот дека адвокатите и обвинетите во овој предмет добиле само известување од анализата, но не и содржината на извештајот на МВР за мобилните.

Претставникот од Одделението за дигитална форензика, при својот исказ во судот ја објасни постапката како се врши анализа на мобилните телефони.

– Постојат случаји кога софтверите не нудат поддршка за екстракирање на одреден телефон. Подготовката на овој извештај почна на 24 октомври 2019 и траеше до февруари 2020, рече тој.

Техничката неисправност кај дел од мобилните телефоните биле недостаток на батерија, неможност за поврзување со компјутер, нефункционална батерија и слично.

Случајот „Монструм” го води судијата Огнен Ставрев, додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) На претседателот Пендаровски му пречело „северна“ во името, неможел да се навикне

Редакција

Вкупно осум години затвор добија двајца обвинети за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски

Редакција

Откако се спогодил за „Империја“, Камчев зел кредит и уплатил над 5 милиони евра во државниот буџет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница