еМагазин
Image default
Бизнис

Горан Сугарески назначен за в.д. директор на Царинската управа, Ѓоко Танасоски разрешен од функцијата

Досегашниот директор на Царинската управа Ѓоко Танасоски е разрешен од функцијата, а на негово место за вршител на должноста директор е назначен поранешниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески.

На денешната 38-ма седница на Владата донесени се уште неколку кадровски решенија.

За в.д. заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување е именуван Зулфикар Зејнулаи, а за в.д. директор на Државниот управен инспекторат е назначена Кети Василевска.

Владата ја прифати и оставката на досегашниот директор на Националниот парк Галичица, Васко Паскали и на негово место го назначи Александар Миљовски.

На владината седница е разгледана и оставката на директорот на Агенцијата за енергетика Нехри Емрула со препорака до Управниот одбор на институцијата да го разреши и за вршител на должноста да го назначи Дарио Никловски.

Донесена е и одлука да му се препорача на Управниот одбор на јавното претпријатие Студенчица да го разреши директорот Урим Ахмети и на негово место да ја именува Ардита Дани.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Позитивни на корона вирусот 53 работници од конфекцијата „Мода“ од Свети Николе

Редакција

(Галерија) Креативни и оргинални македонски заштитни маски

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од „Оилко“ за 157.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница