еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Песимистичка прогноза на директорот на „Модерна“: Ќе живееме со коронавирусот, мислам засекогаш

Стефан Бансел, извршниот директор на американската компанијата „Модерна“,која произведува вакцина против коронавирусот, вели дека САРС-КоВ-2 нема да оди никаде, дека ќе биде тука, меѓу нас.

Многу водечки здравствени службеници веруваат дека постои голема веројатност Ковид-19 да стане ендемска болест, односно дека ќе биде трајно присутна меѓу нас, но веројатно со многу пониски нивоа на инфекција отколку денеска.

-Ќе живееме со овој вирус, мислам, засекогаш, изјави Бансел на еден од панелите за време на конференцијата за здравствена заштита, организирана од банката „ЈПМорган“, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Според него, научниците постојано следат дали се појавуваат нови видови на вирусот, за да може да се произведуваат вакцини.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка воведува Garmin Pay: Модерно решение за бесконтактно плаќање, создадено за луѓе кои се секогаш во движење

Редакција

Нови 161 случаи на Ковид-19 од 771 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција

Пациенти од донор добија срце, црн дроб, бубрези, а во следните денови и коскени ткива

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница