еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Бугарскиот сопственик ја затвори фабриката „Пејпар мил“, еден од најголемите загадувачи на воздухот во Кочани

Фабриката за хартија „Пејпар мил“ од Кочани е затворена, а 120 работници добиле известување од денеска повеќе да не доаѓаат на работа.

Решение за затворањето донел бугарскиот сопственик на компанијата, а одговорните служби од македонска страна за МИА ја потврдија веродостојноста на информацијата.

– Фабриката е затворена и производствениот процес е целосно запрен, но работниците сè уште не се отпуштени од работа. Што ќе биде понатаму чекаме одговор од бугарската страна.

Одлуката е донесена вчера, а причината за затворањето е што нема исплатливост за понатамошно работење ако како енергенс се користи метан.

Имаме позитивни резултати од две лаборатории за користењето пелети, но тие не ни се прифаќаат, а други лаборатории пак, велат дека работењето не ни е во ред. Инспекторатот ни наложи да работиме на метан, но тоа не се исплаќа поради големата економска криза, истакна Игор Тасевски, одговорен во „Пејпар мил“.

Веќе бил направен план за уште 60 вработувања со проширување на производствениот процес во соседните погони на фабриката, каде првично требало да се инвестираат 1,5 милион евра, за во крајната фаза да се вложат околу пет милиони евра. Според Тасевски, најверојатно сето тоа нема да се реализира, затоа што фабриката не можела да работи на дневно-политичка основа.

Инаку, фабриката „Пејпар мил“ беше посочувана како еден од главните загадувачи на воздухот во Кочани, поради што се одржаа повеќе граѓански протести. На крајот од минатата година Државниот инспекторат за животна средина ѝ изрече казна од 20 илјади евра и нареди како енергенс за производствениот процес наместо пелети да користи метан.

МИА/Фото: „Пејпар мил“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска бара кривична одговорност од градоначалникот на Сарај, Беџети за платформата на Матка

Редакција

Од „Поинт ретаил парк“ за вооружениот напад: Безбедносните камери ги лоцираат ограбувачите

Редакција

Ќе се собираат 150.000 потписи за нов референдум за името

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница