еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Претреси во Сингилиќ: Запленети 10 килограми марихуана и хашишово масло

Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода А.В.(74) и С.В.(45), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, соопшти МВР.

„Имено, во текот на денешниот ден (15.01.2021), по претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот и другите простории каде живеат А.В. и С.В., на подрачјето на Синѓелиќ, при што пронашле повеќе пакувања со поголема количина на марихуана (околу 10 кг), неколку шишиња со хашишово масло, еден пиштол „Црвена застава“ со две рамки и 57 куршуми.

По документирање на случајот, против двете лица до Основното јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела предвидени и казниви по чл.215 и по чл.396 од Кривичниот законик“, информира МВР.

Фото/Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Загинаа 198 украински цивили помеѓу кои и три деца, информираше украинската амбасадорка Задорожњук

Редакција

МВР во лов на дивите тркачи во Скопје

Редакција

Нови 373 случаи на Ковид-19 од 2.107 тестирања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница