еМагазин
Image default
Локално

Млад прилепчанец загина при лов во Мариово

Дваесет и петгодишен прилепчанец денеска им подлегнал на повредите откако бил погоден со куршум од ловечка пушка во атарот на селото Витолиште, Мариово.

Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, прилепчанецот со иницијали Ѓ.Х. бил погоден со куршум од лице од група која била на лов.

„Денеска во 11 часот и 6 минути во прилепската полициска станица било пријавено дека во атарот на селото Витолиште, 25-годишниот прилепчанец бил погоден од куршум од ловечка пушка од едно лице од група која била на лов.

Во 14,55 часот од екипа на итната медицинска помош било констатирано дека Ѓ.Х. им подлегнал на повредите“, соопшти Стаматова.

Увид направиле полицијата и јавен обвинител при основното јавно обвинителство од Прилеп. Наредена е обдукција.

Од СВР Битола соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иселеник-пожарникар донира заштитни одела за гостиварските колеги

Редакција

Лице од Велешта со прострелни рани примено во струшката болница, полицијата го истражува случајот

Редакција

Скопјанка пријавила дека тетин се обидел да и ги обљуби двете ќерки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница