еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Цела држава во минусни температури: Во Берово „грч“ студено, измерени минус 16 степени

На територијата на целата земја ноќеска и утрово се измерени минусни температури, а најстудено било во Берово -16 степени.

Во Битола се измерени -13, во Крушево -12, во Маврово -11, во Крива Паланка и во Виница -10, во Претор -9, во Охрид, Прилеп, Штип и Струмица  -8, во Тетово и Куманово -6, во Демир Капија -5, во Скопје, Гевгелија и Дојран -4 степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка 31 сантиметар, во Битола 17, во Маврови Анови и Крушево седум, во Охрид и Берово пет, во Претор, Тополчани и Ѓуриште четири и еден сантиметар во Крива Паланка, Тетово, Пожаране, Штип.

Времето денеска ќе биде сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен претпладне. Максималната температура ќе достигне од -5 до 4 степени.

Во Скопје претпладне ќе има мала до умерена облачност, а попладне ќе биде ведро. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до еден степен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеничката Моника Зајкова позитивна на Kовид-19: Чувствувам малаксаност, континуирано гадење, повраќање и изнемоштеност

Редакција

(Фото) Мицкоски се враќа во форма, откако прележа Ковид-19, се искачи на Водно

Редакција

Денеска се враќаат осум повредени од пожарот во Кочани од лекување од Турција, Бугарија и Словенија, во странство остануваат 18

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница