еМагазин
Image default
Локално

За една недела, нивото на Охридското Езеро покачено за седум сантиметри

Благодарение на врнежите од снег и снег изминатите денови, нивото на Охридското Езеро постојано расте во просек по еден сантиметар на ден, така што денеска се наоѓа на котата 693.27 метри надморска височина.

Тоа е 17 сантиметри над минимално дозволената кота од 693.10 метри надморска височина или 11 сантиметри под месечниот просек (693,38 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е осум степени, што е за еден степен повисока од просекот за овој месец.

Неповолната хидролошка состојба предизвикана пред се од долготрајни сушни денови и мошне малку врнежи есента придонесоа на крајот на ноември нивото на езерото да стигне дури до 693,09 м.н.в. или сантиметар под дозволениот минимум.

Поради нискиот водостој на реките и езерата изминатиот период Владата донесе одлука да се стопира производството електрична енергија од посточеките хидропотенцијали во земјата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украдени над 25 илјади евра од просторија за брз трансфер на пари во Струмица

Редакција

Контролор на ЈСП завршил во болница откако побарал билет

Редакција

Го застрелал во стапало при расправија за наводнување нива

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница