еМагазин
Image default
Локално

Поведена постапка за ловџија кој застрела друг ловџија

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од небрежност од член 126 од Кривичниот законик.

„Осомичениот, прилепчанец на возраст од 50 години,  на 17.01.2021 година околу 10:15 часот, во место викано Отин, во близина на село Витолиште, Мариово, застрел лице со кое заедно бил на лов на дивеч. Од повредите починал оштетениот, 25 годишен жител на Прилеп.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот издаде наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта.

Обвинителството до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот и тоа, обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во ОВР Прилеп и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млад прилепчанец загина при лов во Мариово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пломба на угостителски објект во Гостивар, се забавувале со музика во живо

Редакција

Бремена жена и дете меѓу повредените во трагедијата во Романовце

Редакција

Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајната несреќа во близина на Св.Еразмо

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница