еМагазин
Балкан

„Kовид пасошите“ добија поддршка од Словенија

Словенија изрази поддршка за „ковид пасоши“, додека европските министри вчера започнаа дебата за идејата, иницирана од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави словенечката агенција СТА.

Гашпер Довжан, државен секретар на Министерството за надворешни работи за европски прашања, ја поддржа идејата за европски сертификати за вакцинација, кои, како што рече, може да зајакнат четири европски слободи во согласност со принципите на правото на ЕУ, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи.

Премиерот Јанез Јанша неодамна рече дека потврдата за вакцинација што го олеснува прекуграничното патување нема да биде необична, бидејќи некои земји веќе бараат доказ за вакцинација против одредени заразни болести пред да им дозволат на патниците да влезат.

Неговата канцеларија го повтори тој став денеска, наведувајќи дека Јанша „веќе јасно стави до знаење дека мисли дека тоа ќе се случи порано или подоцна“.

„Премиерот претходно оцени дека пасошите за вакцинација ќе бидат од корист за сите“, велат од неговиот Кабинет за СТА.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Кој е Гркот кој што го уби албанската полиција

Редакција

Најлош ден за Србија: Со Ковид-19 заразени 386, починати 18 лица

Редакција

Косово за 48 часа ја одложи одлуката за казнување на лицата кои не ги смениле регистерските таблички издадени од Србија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница