еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски се сретна со словенечкиот премиер Јанша, побарал подршка за евроинтеграциите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски во рамките на својата регионална дипломатска иницијатива оствари средба со премиерот на Република Словенија, Јанез Јанша, информираат од партијата.

На средбата Мицкоски истакнал дека Македонија се соочува со вето од Бугарија на патот кон Европската Унија, но и покрај оваа препрека како акутен проблем останува недодостатокот на борба против криминалот и исклучителното високо ниво на корупција во земјава што прави државата да тоне на сите скали и рангирања кои што го мерат квалитетот на живот.

„Тој на средбата размени искуства поврзани со економијата, при што Мицкоски напомена дека рецесијата во која се наоѓа македонската економија резултираше со раст на невработеноста, додека пакетите на помош за економиката не ги дадоа потребните резултати зошто тие освен за гола промоција беа наменети за приземен поткуп без ефект и помош за стопанството. Економијата е девастирана што е директна последица на неспособноста на владата, граѓаните немаат време за чекање, истакна Мицкоски„, велат од партијата.

Мицкоски со Јанша зборувал и за здравствената ковид криза како сериозна закана за сите земји во светот како и механизмите за нејзино надминување.

Словенија има сериозен план за вакцинирање на населението од дури 70 проценти до почеток на летото, би сакал и македонската влада да ги следи ваквите позитивни примери, истакнал Мицкоски.

Тој на средбата побарал поддршка од словенечкиот премиер на патот кон Европската Унија, особено што Словенија е државата која е идниот претседавач со Унијата.

Премиерот Јанша изразил поддршка на Македонија и нејзините евро интеграции како и поддршка за дополнително развивање на сестринските односи со ВМРО-ДПМНЕ како дел од семејството на Европската Народна партија, информираат од партијата.

Фото: Мицкоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмалку шест лица меѓу кои и пожарникар се повредени во пожар во зграда во Чаир, 100 лица евакуирани

Редакција

Грчката опозиција бара од Владата во Атина да ги ратификува меморандумите со Македонија

Редакција

Уапсен наркодилер од Грчец, првоосомничен во „Планина“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница