еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Убава вест: Крушево ќе биде домаќин на Светско првенство во змејарство

Започна пријавувањето за учество на Светското првенство во змајарство кое ќе се одржи во Крушево од 18 до 31 јули. Оваа е прва меѓународна манифестација која се најавува дека на лето ќе се одржи по една година одложувања поради пандемијата.

Крушево беше успешен организатор на Европското првенство во змејарство во 2018 година, а годинава ја има организацијата на Светското првенство.

Се очекуваат околу 140 учесници од репрезентации од целиот свет. Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, ова е одлична вест што меѓународните првенства во змејарство и параглајдерство ќе донесат туристи.

„Ова е одлична вест и јасно е дека ова лето натпреварите во змејарство и параглајдинг се враќаат во Крушево. Ги правиме последните подготовки и очекуваме овие меѓународни натпревари да донесат уште повеќе туристи“, вели Христоски.

МИА/Фото: Општина Крушево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ротаријанците со 1,4 милиони денари лични донации за поддршка на јавното здравство

Редакција

На Трескавец снимени првите сцени за филмот „Врба“ на Манчевски

Редакција

„Бимилк“ ги отвора вратите за своите потрошувачи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница