еМагазин
Свет

Во САД влез само со негативен тест и задолжителен карантин

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша наредба според која сите што патуваат во САД со авион треба да имаат негативен тест за коронавирусот пред да се качат и да бидат во карантин по пристигнувањето во земјата, јави ДПА.

„Поради новите варијанти на ковид за кои учиме, воведуваме нова мерка за луѓето кои пристигнуваат со авион во САД од други земји,“ рече Бајден во говорот со кој го објави планот на неговата влада за борба против коронавирусот.

Тој додаде дека покрај задолжителното носење маска, секој што ќе дојде во САД со авион од друга земја ќе мора да биде прегледан пред да се качи во авионот и да се стави во карантин кога ќе пристигне во Америка.

„Нашата национална стратегија е сеопфатна, таа се базира на наука, а не на политика, таа се базира на вистина, а не на негирање, рече претседателот. Нашиот план започнува со агресивна, безбедна и ефекасна кампања за имунизација за да се исполни нашата цел да инјектираме 100 милиони дози вакцина во првите 100 дена од нашата администрација,“ додаде тој.

Бајден предупреди дека САД најверојатно ќе достигнат 500.000 смртни случаи од Ковид-19 следниот месец.

Новиот претседател потпиша голем број уредби за спроведување на стратегијата за борба на неговата влада против коронавирусот. Тие имаат за цел да го забрзаат производството на вакцини, тестирање, поддршка на истражување за нови третмани, собирање и анализа на податоци.

МИА/Фото: емагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Москва ќе употреби нуклеарно оружје само ако е загрозена Русија, не поради Украина

Редакција

НАТО отвара 4 нови бази во Унгарија, Романија, Бугарија и Словачка, како одговор за евентуални хемиски напад од Русија

Редакција

Ерупција на вулканот Етна, лава се спушта на сите страни

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница