еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Почина легендарниот ТВ и радио водител Лери Кинг, откако беше хоспитализиран поради Ковид-19

На 87 годишна возраст, откако претходно беше хоспитализиран поради Ковид-19, почина легендарниот американски ТВ и радио водител, Лери Кинг.

Информација беше објавена преку официјално соопштение на неговиот Твитер профил.

„Со огромна тага, ‘Ора Медиа’ ја објавува веста за смртта на нашиот коосновач, водител и пријател Лери Кинг, кој утрово почина на 87-годишна возраст во Медицинскиот центар Цедарс-Синај во Лос Анџелес“, стои во соопштението.

Во својата 63-годишна кариера тој направи над 30 илјади интервјуа со најпознатите светски личности, од политичари до ѕвезди од шоу-бизнисот.

Фото: Твитер/Кинг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавен собир за Фросина Кулакова и во Германија

Редакција

Гордана Јанкулоска излезе од затвор

Редакција

Општина Гостивар склучи договор со “Насир туризам Абдулаќим“ вреден 597,5 илјади евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница