еМагазин
Image default
Македонија

Со изведување дополнителни докази продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“

Со изведување на дополнителни докази денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продложи судскиот предметот „Таргет-Тврдина“.

Обвинителството и одбраната, на минатото рочиште изнесоа предлози за дополнителни докази кои произлегуваат од главната расправа, а кои Судот ги прифати.

Одбраната предложи како дополнителен доказ вештакот Ѕвонко Кочовски да даде вештачење колкава е вредноста на системот за следење на комуникации на денот на неговото уништување.

Како што појаснија од Обвинителството, за доказната постапка тие предложиле Кочовски да го изврши истото вештачење, но бидејќи во тој дел од процесот неговата лиценца за вештачење била истечена, Судот не го одобрил.

Поради продолжување на неговата лиценца, Судот во овој дел од процесот го прифати предложеното од страна на Обвинителството.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и неколку вработени во поранешното УБК, кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првачињата од септември ќе учат по новите наставни програми

Редакција

Кривичниот суд – Скопје ќе суди само итни и неодложни предмети

Редакција

Судството „рак-рана“ на општеството: Граѓаните со најмногу поплаки од него

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница