еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Поради доцнење на испораките, ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини против Ковид-19 од Кина

Остануваме посветени на реализација на набавките за вакцините преку механизмот „Ковакс“ и во директните набавки од компанијата „Фајзер“. Но, факт е дека компаниите се соочуваат со проблеми во испораката и доцнење на вакцините во целиот свет и во Европа, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил.

„Во моментов ја разгледуваме и можноста за набавка на вакцини од Кина и чекаме детали во однос на цената и испораката.

До крајот на неделата верувам дека сите овие информации ќе ги имаме. Мораме да работиме на сите полиња за да обезбедиме интегрален процес, без пауза од моментот кога ќе почне имунизацијата“, вели Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До 13 часот излезноста на претседателските 23,95, на парламентарните избори 25,84%

Редакција

Ивица Томовски е нов директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата

Редакција

Кои компании донираа пари за изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова“?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница