еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за жителка на дебарското село Отишани за непочитување на решение за самоизолација

Кривична пријава поднесена е против жителка на дебарското село Отишани поради непочитување на решение за самозолација.

-Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против Џ.А.(52) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него при контрола извршена на осми овој месец, полициските службеници констатирале дека пријавената не се придржувала до решението од Државниот здравствен и санитарен инспекторат за задолжителна домашна самоизолација со цел заштита на населението од Ковид -19.

Димоски додава дека полициските службеници одОВР Дебар продолжуваат со контроли кај лицата кои со решение се во самоизолација,но и колку жителите од општините Дебар и Центар Жупа ја почитуваат мерката за носење лична заштита на лицето.

Полциската статистика потврдува дека во текот на овој месец издадени се шеесеттина платни налози за непочитување на оваа мерка.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полог стана „куплерај“: Откриени 124 танчарки и придружнички од Украина, Русија, Шведска, Србија, Молдавија….

Редакција

Уапсен 27-годишник од Крива Паланка осомничен за убиство

Редакција

МВР со детали за пожарот во Буши: Избувнал од кујната па го зафатил останатиот дел од хотелот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница