еМагазин
Image default
Македонија

Ковид центар Тетово: Eдинаесетте починати не се од еден ден, има софтверска грешка

Рекордните 11 починати лица поради Ковид-19 на тетовското подрачје не се само во еден ден, појаснуваат од Ковид центарот при Клиничка болница Тетово за денешните статистички податоци објавени од Министерството за здравство.

Според Министерството за здравство од 21 починато лице, 11 биле од тетовскиот регион, лица на возраст од 56 до 77 години.

„Станува збор за софтверска грешка поради која не се евидентирани смртни случаи од 15 јануари до вчерашниот ден и пренос на податоци.

За изминатите 24 часа односно од 12 часот во неделата до 12 часот во понеделникот, односно вчера, починати се три лица,“ информира Гзим Нуредини, координатор во Ковид-центарот.

Со овие 11 смртни случаи во тетовскиот регион сега има вкупно 204 лица кои од почетокот на пандемијата умреле поради компикации од Ковид 19, се бележи во статистиката на Институтот за јавно здравје.

Во моментот во тетовско има 326 активно болни. Нови случаи има 13, додека оздравени се 49 лица.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела 59 деца до 9 години заболеле со Ковид-19

Редакција

Позитивен на корона вирусот криумчар од Косово кој превезувал 113 мигранти во ладилник

Редакција

Владата најдоцна до утре вечер ќе прогласи 30 дена кризна состојба на целата територија: Што тоа значи за граѓаните?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница