еМагазин
Image default
Бизнис

Со кредитот од Светска банка ќе се набавува скапа терапија за третман на пациенти заболени со Ковид-19

Министерството за здравство вчера испрати писмо до Европската комисија за резервација на најсофистицираната моноклона комбинирана терапија на антитела за третман на пациенти заболени од Ковид-19, со „коктел“ од „casirivimab” и „imdevimab”, информираат од таму.

„Денеска испративме писмо, преку заедничкиот механизам за набавка на ЕУ со кое аплициравме за уште една терапија против ковид, всушност на истиот принцип како што го набавивме лекот Ремдесивир.

За првпат во нашата земја ќе стигне најскапата терапија за ковид, т.н моноклони антитела, специфична за овој вирус. Во истиот момент кога ќе биде на располагање на европските земи, ќе биде и кај нас,“ вели министерот за здравство Венко Филипче и информираше дека лекот ќе биде набавен со помош на кредитот од Светска Банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Самит Македонија 2025: Економски развој преку поголема примена на нови технологии, иновации и целосна дигитална трансформација на општествата

Редакција

Фруктал Мак лани со намалена добивка

Редакција

Во кој сектор во Македонија е највисоката просечна бруто плата во јануари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница