еМагазин
Image default
Бизнис

Хотел, трговски центар, спортски терени, бунгалови се предвидува да се градат на езерото Треска

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџити најави дека според ДУП на Општина Сарај, кај езерото Треска ќе се гради хотел, трговски центар, објекти за привремено сместување и простор предвиден за рекреација во износ од 200 милиони евра, кои треба да бидат изградени за три години.

„Блокот еден на површина од 31 хектар предвидено е да се намени за спорт и рекреација, во блок 2 на површина од 10 хектари ќе бидат изградени бунгалови со максимална височина од 10.20 метри, односно приземје, два ката и поткровје.

Во блокот 3 е предвидена изградба на хотели на површина од 8 хектари со максимална висина од 4.50/11.50 метри и максимален број на четири ката. Во блокот 4 предвидено е да се направат трговски објекти на површина од 1.1 хектари,“ изјави Беџити.

Водата од езерото ќе се чисти преку прочистителна филтер станица, а плажата ќе биде во должина од 30 метри.

Фото: Канал 5

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почетна цена за закуп е 4.000 евра: Ќе се се заживува комплексот „Македонско село“

Редакција

Првата група од 121 турист од Холандија пристигна во Охрид, преку аранжманите на тур-операторот ТУИ

Редакција

Ќе важат старите дозволи за движење на работниците и при промена на полицискиот час

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница