еМагазин
Македонија

Безмалку 70 отсто од здравствените работници во земјава на анкета рекле дека ќе се вакцинираат

Националната техничка работна група за Ковид-19 при Министерството за здравство направила анкета на здравствените работници, здравствени соработници, административни работници и техничка служба за вакцинирањето против корона вирусот во јавното здравство.

Од 13.690 испитаници, 68,1 отсто одговориле дека ќе се вакцинираат, а 31,9 отсто рекле дека нема да се вакцинираат со вакцини против Ковид-19, пишува Мета.мк.

– Анкетирани беа и 579 испитаници од приватните здравствени установи. Од нив, 69,4 отсто одговориле дека ќе се вакцинираат, додека пак 30,6 отсто, дека нема да се вакцинираат.

Од здравствените работници кои одговориле негативно на прашалникот, како причина навеле дека немаат ризик од зараза од вирусот или „други причини”, велат од Министерството.

На здравствените работници им било овозможено да одговорат дали работат со ковид пациенти, дали се медицински, технички или административни лица во јавните здравствени усанови, односно во приватните здравствени установи.

Анкетата била спроведена за интерна употреба на Министерството за здравство и Националната група за ковид вакцинација, за да се изготват групите за вакцинација според фазите од оперативниот план.

– Министерството за здравство почнувајќи од месец февруари очекува сукцесивна испорака на дози вакцини против ковид-19, од производителите „Фајзер“ и „Синофарм“.

Распоредот на Ковакс механзимот со прецизни достави по количини и рокови го очекуваме по што ќе излеземе со детали во јавноста.

Во месец февруари нема да има масовни вакцинации, туку прецизно организиран процес на вакцинација, односно ќе ја спроведеме првата фаза од Националната стратегија за ковид имунизација, додаваат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никола Пановски за МРТ: Имајќи го предвид британскиот сој на коронавирусот, важно е вакцинирањето да почне навреме

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за “Титаник” продолжува на 17 мај

Редакција

Ахмети: Изборниот процес помина според очекуваните стандарди

Редакција

Регистрирани 13 прекршувања на полицискиот час и 365 казни за неносење маска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница