еМагазин
Image default
Свет

Во светот до денеска од коронавирусот умреле 2.227.605 лица

Од последици на коронавирусот до денеска во светот умреле 2.227.605 лица, додека заразени биле 102.788.810 лица, сооопшти денеска Франс прес за новиот биланс поврзан со пандемијата.

Од официјалниот број на заразени, досега 62.454.800 лица се сметаат за излекувани.

Експертите наведуваат дека бројот на официјално заразени не го одразува вистинскиот број на заразени, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.

САД е најмногу погодената земја од заразата, откако во неа лани во февруари беше регистриран првиот смртен случај. Во оваа земја досега умреа 441.331 лице, а заразени се 26.187.424 лица.

После САД, земји со најголем број на смртни случаи се Бразил (224.504), Мексико (158.536), Индија (154.392) и Велика Британија (106.158).

МИА/Фото: Photo by Steven Cornfield on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Минатата ноќ во Украина беше брутална, не прифаќам разговори во Минск кој е соучесник во војната,“ рече Зеленски

Редакција

Холандскиот премиер Марк Руте e новиот генерален секретар на НАТО

Редакција

(ВИДЕО) Снежен хаос во Канада – наноси од снег повисоки од четири метри

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница