еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила Беса Адеми, новата претседателка на Врховниот суд

Судскиот совет ја избра врховната судијка Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд.

еМагазин го разгледа нејзниот анкетен лист кој го доставила до Државната комисија за спречување корупција кога станала врховен судија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во биографијата на Беса Адеми, новата претседателка на Врховниот суд

Каков имот пријавила?

Според нејзиниот анкетен лист на свое име пријавила куќа за одмор од наследство во Љуботен, од 113 метри квадратни, проценета на 2,3 милиони денари и стан во Скопје од 183 метри квадратни, проценет на 8,2 милиони денари.

На име на децата пријавила стан од 142 метри квадратни во Скопје, проценет на 8 милиони денари, а на име на сопругот, дел од куќа, кој е подарок, од 302 метри квадратни.

На свое име пријавила и две возила, како и два кредити, кои ги зела минатата година од 50 илјади евра и 670 илјади денари.

На име на сопругот пријавила и фирма за деловни и менаџмент консултантски активности.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: Врховен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Проект вреден 250 милиони евра: Како ќе изгледа новиот уникатен комплекс “Diamond Skopje” на Лимак холдинг

Редакција

Стружанка на 56 години почина од корона вирусот

Редакција

„Марковски компани“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за ископ на јаловина вреден 1,3 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница