еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Најстудено во Маврово и Крушево, до крајот на денот снежна покривка насекаде

Најстудено изутрина е во Маврово, каде се измерени -13 степени, по што следат Крушево со – 11, Берово -10, Во Крива Паланка -9, во Прилеп – 7.

Минус шест степени под нулата се регистрирани во Битола, Дебар, Штип и Тетово, -5 Скопје-Зајчев Рид и во Охрид, -4 во Струмица и Демир Капија, -3 во Дојран.

Најмногу снег има на Попова Шапка, со 40 сантиметри снежна покривка., покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според прогнозата на УХМР, денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни попладне и во ноќните часови особено во југозападните делови.

До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка и до утре наутро таа понекаде во пониските места во југозападните делови ќе изнесува над 20 сантиметри снег.

На планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец најизразен во горниот тек на Повардарието.

Максималната температура ќе достигне од -5 до 1 степени.

Во Скопје облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, од пладневните часови со врнежи од снег кои ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 0 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Година на арбитражи: Владата соочена со исплата мултимилионски штети

Редакција

Во Македонија се возат стари противпожарни и амбулантни возила

Редакција

Русија врз Украина го тестираше „орешник“, најнов руски проектил со среден дострел

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница