еМагазин
Image default
Свет

Истражување: Секој трет кој прележал Ковид-19 има посттрауматски стрес

Еден од тројца пациенти кои имале тешка инфекција со коронавирусот последователно страдаат од посттрауматски стрес, покажуваат истражувачки податоци кои на прес-конференција ги претстави Инга Короткова, постар предавач на Катедрата за медицинска психологија и психофизиологија на Државниот универзитет во Санкт Петербург (СПБСУ).

– Проучувањата покажуваат дека 30 проценти од луѓето на одделот за интензивна нега поради лекување на коронавирусот последователно имаат симптоми на посттрауматско стресно нарушување (ПТСН).

При ПТСН се можни клинички симптоми како немотивирана будност, лути реакции, агресија, нарушена меморија и концентрација и општа вознемиреност не само на ментално, но исто така и на физиолошко ниво, несоница и самоубиствени мисли, рече Короткова.

Таа додаде дека се можни и симптоми на депресија – лошо расположение, замор, губење на задоволство и нарушено внимание. Според неа, овие симптоми бараат консултација со специјалист.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што беше добро во светот во 2022 година

Редакција

Ќе има ли истрага во Конгресот за синот на Бајден и повлекувањето од Авганистан: Републиканците ја вратија контролата врз Претставничкиот дом

Редакција

(Видео) Масовни протести на улиците низ Блискиот Исток и низ светот за подршка на Газа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница