еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Утро со минус 18, температурите остануваат под нулата, снегот ќе паѓа до крајот на денот

Студено утро денеска во целата земја, со врнежи од снег кои ќе престанат кон крајот на денот и температура измерена меѓу минус 18 и минус шест.

Најстудено со -18 било на Попова Шапка, во Маврово и Крушево се измерени -15, минус 11 во Берово и Охрид, -10 во Крива Паланка, Прилеп, Битола, Претор и Дебар, -9 во Штип, Тетово и Куманово, -8 во Скопје, -7 во Струмица и Демир Капија и -6 во Гевгелија.

Снег најмногу, 65 сантиметри, има на Попова Шапка, 38 во Маврови Анови, 36 во Крушево, 33 во Битола и Дебар, 32 во Пожаране, 25 во Тополчани, 24 во Штип, 23 во Претор, 22 во Охрид, Тетово, Прилеп и Гостивар, 20 во Берово, 19 во Демир Капија, 17 во Крива Паланка, 16 во Ѓуриште, 11 во Струмица, 9 во Куманово, 7 во Скопје Зајчев Рид.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најмногу врнежи регистрирала – 37 литри на метар квадратен во Дебар, 31 во Маврови Анови, 25 во Претор, 22 во Крушево, 19 во Тетово, 18 во Битола, 16 во Демир Капија, 14 во Охрид, 10 во Берово, 9 во Струмица, 6 во Скопје Зајчев Рид, Прилеп и Куманово.

Во текот на денот не очекува облачно и многу студено време со врнежи од снег и умерен ветер претежно од северозападен правец.

Врнежи од снег ќе има особено претпладне.

Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а најдолго ќе се задржат на југот од земјава.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура насекаде ќе се задржи негативна, во интервал од -8 до -2 степена.

Во Скопје времето ќе биде облачно и студено, претпладне и околу пладне со слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу -4 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По една година затвор за тројцата обвинети кои го признаа делото за насилните протести за пресудата за „Монструм”

Редакција

Санз Лукe: Секој ден, 140 жени и девојчиња ширум светот ги губат своите животи од рацете на својот партнер или од член на своето семејство

Редакција

Како е правилно: „северномакедонски или македонски„: МНР објави прирачник за медиуми за употреба на новото име

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница