еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Успешноста на лекување на детските малигноми е над 80%: За време на ковид-пандемијата 15 деца си заминале дома

На Меѓународниот ден посветен на децата кои се борат со канцер – 15 февруари, Министерството за здравство информира дека успешноста на лекување на детските малигноми е над 80% на Клиниката за детски болести.

Овој ден, секоја година се одбележува во знак на поддршка на децата со малигни заболувања, за подигнување на свесноста кај јавноста, како и за сите аспекти на нивната борба со болеста.

„Единствената специјализирана педијатриска болница во земјава каде се дијагностицираат и лекуваат деца со малигна болест на возраст до 14 години е Одделот за хематологија и онкологија при Клиниката за детски болести.
Оваа установа ја има потребната експертиза, каде се применуваат современи терапевтски протоколи во согласност со препораките на Интернационалната педијатриска асоцијација.
Од почетокот на пандемијата од Ковид-19 досега, вкупно 15 деца заѕвонеле на ѕвончето на хемато-онколошкото одделение, ритуал кој секое излекувано детенце со неговите родители го прават при напуштање на Клиниката,“ се вели во соопштението.
И во услови на коронавирусот, обезбедена е терапијата во континуитет и ниту една не е одложена. Одобрени се европските и светски протоколи за тестирање на децата за ковид пред секое отпочнување на хемо-терапија за да може терапијата да тече безбедно, велат од Министерството.
Во установата се применуваат сите мерки за заштита од овој вирус препорачани од Комисијата за заразни болести.

Во однос на инфраструктурата, комплетно се реновирани амбулантскиот дел, Ургентниот центар и чекалната на Клиниката за детски болести. Во тек е реновирање и на хемато-онколошкото одделение, велат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина новинарката Јасмина Спасовска

Редакција

Денеска облачно и студено време, со врнежи од дожд и снег

Редакција

Јајцата како дел од традиционалната велигденска трпеза: Која е нивната хранлива вредност

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница