еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Владата донесе одлука: Еве кога ќе започне исплатата на февруарските пензии

Владата на 45. седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец февруари 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24.02.2021 година на кои им се препорачува да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25 февруари (четврток).

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26 февруари (петок).

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01 март (понеделник).

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02 март (вторник).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рокот за користење на финансиската поддршка од 6.000 денари продолжен до 31 март

Редакција

Земјоделците можат да аплицираат за субвенции за поледелски култури

Редакција

МТСП со детали за корисниците на парични права од социјална заштита со сметки во „Еуростандард банка“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница