еМагазин
Свет

Вакцините на „Фајзер“ и на „Модерна“ штитат од новите мутации на коронавирусот

Новите лабораториски студии покажуваат дека вакцините на „Фајзер/Бионтек“ и на „Модерна“ штитат од нови мутации на коронавирусот, јави Си-Ен-Ен.

Резултатите од студијата објавена во New England Journal of Medicine откриваат дека вакцината на Фајзер за коронавирусот може да ги заштити луѓето од новите мутации на коронавирусот, вклучувајќи ја и јужноафриканската B.1.351.

Студијата е спроведена од истражувачи од Фајзер и Универзитетот во Тексас. Тие тестираа некои од мутациите  со примероци на крв од 15 лица кои примиле две дози на вакцина како дел од клиничко испитување.

Вакцината обезбедува помалку неутрализирачки антитела, но доволно за справување со вирусот, напишаа авторите во писмо до списанието. Ова е во согласност со други студии.

Иако тие не знаат точно какво ниво на заштита обезбедува вакцината, тие веруваат дека ќе обезбеди релативно добра заштита од новата варијанта.

Во анализите не е откриено намалена ефективност на вакцината против британската мутација.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија ги укинува тестовите за корона вирус за лицата од ризични земји

Редакција

Смртна казна за луѓето и екосистемите: Просечната температура во светот сруши рекорд

Редакција

Русија и Белорусија почнаа воена вежба со обука на персонал за заедничката команда

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница