еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Емилија бара спас од сопругот: „Kрши по дома, ми става нож под грло, ми се заканува со убиство и во состојба е да го изврши“

Емилија на „Фејсбук“ очајно бара помош од насилствата од нејзиниот сопруг, а нема заштита ниту од институциите.

„„Човекот” што повеќе од една година ми влегува насилно или скришум, ме злоставува на секој можен начин, крши по дома, ми става нож под грло, ми се заканува со убиство и во состојба е да го изврши.

Само да знаете дека го пријавувам во полиција, доаѓаат го вадат од дома, разговараат и го пуштат и он пак се враќа.

Вечерва ќе беше фатално. Ме спасија фала им, меѓутоа пак го пуштија. Заклучена сум, не смеам да излезам. Треба ли да си викнам лично обезбедување 24/7, да се отселам на друга планета или да ја земам правдата во свои раце??? Замислете колку многу ми требало ова да го напишам!

Нека стои, да знаат луѓето дека има илјадници жртви, а никој не ги штити. Се разболев, тотално попуштив психички. Ќе извадам лекарско и ќе го тужам. Никогаш немало да верувам дека такви луѓе постојат. Ни на сон, ни на филм не сум верувала. Ова е неиздржливо.

Откако ќе ми остане детето без мајка и еден куп животни дома за кои се грижам, ич не ми е гајле колку ќе ме жалат и оплакуваат. Во смртна опасност сум, а никој не превзема ништо,“ пишува таа на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Емилија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две пријави од лекари за сомнеж за смртен исход по примена вакцина против Ковид-19, 231 пријава за несакани реакции

Редакција

(Видео) Детали од МВР за криминалната група нарко-дилери од која беше запленета дрога вредна 800.000 илјади евра

Редакција

Се намалува цената на дизелот и бензинот Еуросупер БС-95

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница